Вардар е шампион на Втората лига

0Shares
0 0

Враќањето во елитната кошаркарска конкуренција во земјава, екипата на Вардар го круниса со трофејот од Втората лига, освоен денеска во финалниот меч против Охрид.

Во Кале, „црвено-црните“ славеа со 89-74 и покажаа дека неслучајно беа први во основниот дел од сезоната. На патот до овој пехар, Вардар имаа максимален ефект, со 2-0 ги победија МЗТ Скопје УБ и Ангели, а денеска и Охрид со кого во новата сезона повторно ќе се сретне, овојпат со прволигашки статус.

Утешното трето место им припадна на Ангели кои во мечот за бронзата беа подобри од Соколи со 77-63.

0Shares
0 0