Вардар, еден од главните „извозници“ на кошаркари во странство

0Shares
0 0

Конекциите со големите европски клубови и честото учество на меѓународни турнири, придонесоа Вардар последните години да пласира голем број кошаркари во странство.

Само во последните четири години, вкупно 14 играчи од школата на „црвено-црните“, во машка и женска конкуренција, заминаа надвор од Македонија, а се очекува наскоро тој број да биде уште поголем бидејќи во моментов веќе има интерес за кошаркарите на Вардар од кои неколкумина беа на проби летово. Речиси сите се македонски репрезентативци во своите категории, а еден од нив веќе две години е во сениорската селекција.

Евидентно е дека најмногу заминуваат во Италија, дури шестмина од нив: Лука Наумоски (роден 2001 година), Богдан Мирковски, Филипл Стефановски и Никола Груевски (2002) и Марко Луканоски и Давид Петрушевски (2006). Петмина продолжија во САД: Павел Атанасов и Дамјан Гацов (2003) и Ана Ангеловска, Нина Зафирова и Христина Ставревска (2004), а по еден во Шпанија (Лука Савичевиќ, 2002), Турција (Адријан Наумоски, 2001) и Србија (Мики Наумоски, 2003).

Сето ова е потврда за добрата работа на Вардар кој последната деценија дава и најголем број репрезентации во младинските категории, а имаше и најмногу успеси и освоени титули во нив.

0Shares
0 0