Вардар го растури Локомотив во Пловдив

0Shares
0 0

Македонскиот второлигаш Вардар оствари убедлива победа на гостувањето во Бугарија, кај Локомотив Пловдив.

„Црвено-црните“ славеа со 79-45 во пријателски меч во кој доминираа во текот на сите 40 минути. Локомотив беше блиску само во првите 15-тина минута, додека Вардар водеше со 24-22. Се понатаму мина во знакот на македонскиот тим кој во следните десет минути ефективна игра направи 27-7 и на средина од третата четвртина веќе водеше со 51-31. Се до крајот остана само рутина за четата на Александар Јованчев.

Петар Коцев со 17 поени беше најефикасен во екипата на Вардар, а Миновски и Бајрам остварија дабл-дабл, првиот со 14 поени и 10 скока, а вториот со 10 поени и 10 асистенции.

И во новата сезона Вардар ќе биде меѓу фаворитите за пласман во Првата македонска кошаркарска лига иако тоа нема да биде воопшто лесно бидејќи конкуренцијата е исклучително силна.

0Shares
0 0