Екипата на Вардар и во новата сезона ќе се обиде да ја врати доминацијата во македонската женска кошарка за што веќе почна сериозно да се подготвува.
„Црвено-црните“ ја донесоа американската кошаркарка Кејтлин Матје која минатите две сезони ги помина во редовите на Бадел како единствена интернационалка во овој тим. Првата година, Матје и Бадел ја освоија титулата во домашното првенство, а во втората беа запрени од Баскет Кам во финалето.
Освен во Македонија, Матје во својата кариера играше и во Бугарисја, Данска, Германија и Луксембург. Американката која игра на центарската позиција е прво засилување за Вардар во пресрет на новата сезона.