Вардар ќе се бори за третото место

0Shares
0 0

Кадетите на Вардар не успеаја да дојдат до финалето од Европската младинска кошаркарска лига откако во полуфиналниот меч загуби од унгарскиот Ратгебер со 61-69.

Клучна беше третата четвртина која противникот ја доби со 21-12 за водство од 52-42, за во последниот период противникот да поведе и со 58-42. Во финишот Вардар се разбуди, дојде на само шест поени негатива (55-61), но немаше сила за целосен пресврт.

Ефтимовски беше најефикасен со 23 поени, а капитенот Ѓорѓевиќ оствари дабл-дабл со 12 поени и 10 скока. Утре од 9 часот, „црвено-црните“ ги очекува мечот за третото место против литванскиот тим Вилнус од кого загубија во групната фаза.

0Shares
0 0