Вардар победи со 62 разлика и е во полуфинале!

0Shares
0 0

По синоќешниот пораз од Вилнус со 53-75, кадетите на Вардар утринава го победија естонскиот Талтек со 104-42 и направија огромен успех, пласирајќи се во полуфиналето од Европската младинска кошаркарска лига (EYBL)

На „црвено-црните“ им беше потребна победа од 55 поени разлика, па поради тоа 32 минути играа пресинг по цел терен и успеаја во својата мисија. Во полуфинале одат како најдобра второпласирана екипа на турнирот со кош-разлика +67, поминувајќи ја Академијата Бертанс која имаше +60. Следен противник на Вардар ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Академија Ратгебер од Унгарија и репрезентацијата на Грузија кој се игра во моментов.

Што се однесува до денешниот натпревар, блескаше Љубен Ефтимовски со 31 поен, но својот најдобар настап го забележа Алексеј Нешовиќ постигнувајќи 19 поени, 7 асистенции и 4 украдени топки. Се истакна и капитенот Григориј Ѓорѓевиќ со 17 поени, 8 асистенции, 8 скока и 6 украдени топки за индекс 30.

0Shares
0 0