Вардар почна со победа од 35 разлика

0Shares
0 0

Пионерската екипа на Вардар со убедлив триумф го стартуваше својот настап на првиот турнир од EYBL што се одржува во Орадеа.

Во првиот меч, „црвено-црните“ го совладаа словенечкиот претставник Гросупље со 72-37, демонстрирајќи моќ од првата до последната минутата. Целата работа беше завршена во првата четвртина која му припадна на Вардар со 26-8, до полувреме веќе беше 46-16, па се понатаму остана само формалност.

Најдобар играч на вардарци беше Павел Ѓиноски кој за 27 минути постигна 20 поени, 8 скока, 6 асистенции и 6 украдени топки. Двоцифрени беа уште Стефан Стојковски со 12 и Лука Андрејевски со 10 поени.

Вечерва од 20 часот, Вардар го игра вториот натпревар на турнирот, а противник е умгарскиот МАФЦ.

0Shares
0 0