Вардарци потклекнаа во финалето, но ја остварија примарната цел

0Shares
0 0

Помладите кадети на Вардар, сепак, го освоија второто место на квалификацискиот турнир од Европската младинска лига што се одржа во Будимпешта.

Во мечот за пехарот, „црвено-црните“ загубија од Хонвед со 69-81, со што домаќинот се одмазди за поразот во првото коло на идентичен начин. Унгарците направија двоцифрена разлика уште во почетната фаза од натпреварот, по десет минути игра имаа 23-12 и убедливото и сигурно водство го задржаа до крај.

Интересно е тоа што за Вардар поени постигнаа само четворица кошаркари. Капитенот Љубен Ефтимовски реализира 32, Жарко Терзиевски 25, Григориј Ѓорѓевиќ 8 и Дамјан Стојановски 4.

Со освојувањето на второто место, Вардар обезбеди пласман во главната фаза од EYBL и наскоро ќе ги дознае противниците во тој дел од натпреварувањето.

0Shares
0 0