Важна победа на Бурсаспор против Бујукчекмеџе

0Shares
0 0

Екипата на Бурсаспор, во чиј стручен штаб е македонскиот тренер Мирко Петрески, ја прекина серијата од три порази во сите натпреварувања и на домашен терен дојде до важен триумф во турското првенство.

Бурсаспор го совлада Бујукчекмеџе со 85-83 за продолжување на добрите резултати пред своите навивачи каде оваа сезона има четири победи на пет меча. Натпреварот имаше интересен тек, тимот на Мирко Петрески водеше со 13 разлика на крајот од третата четвртина, но се доведе во ситуација во финишот да ја спасува победата.

За среќа, го издржа налетот на противничкиот тим и на крајот дојде до минимален триумф. Сега има биланс 4/5 и се наоѓа на чекор од плеј-оф зоната, пред паузата во турското првенство, поради ФИБА „прозорецот“ предвиден за квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство во 2023 година.

0Shares
0 0