Веднаш стигна казната: Ертел исфрлен од француската репрезентација!

0Shares
0 0

Непосредно по објавувањето на информацијата дека Тома Ертел потпишал за рускиот клуб Зенит, со соопштение се јави Кошаркарската федерација на Франција.

Оттаму објавија дека во следните две години, плејмејкерот нема да биде во комбинација за настап во националниот тим.

„Кошаркарската федерација на Франција преку социјалните мрежи дозна дека Тома Ертел потпишал за Зенит на 1+1 година. Федерацијата претходно беше информирана за неговите контакти со странски клубови, вклучувајќи и руски, но не и лично дека потпишал до Зенит.

При првиот состанок на француските репрезентативци во јули, Ертел потпиша изјава дека нема да стане член на руски или белоруски клуб. Ако тој навистина заигра за Зенит, неговиот потег нема да биде поздравен од Федерацијата, а тој нема да добива повик за настап во репрезентацијата за следните меѓународни натпреварувања, вклучувајќи ги Олимписките игри во 2024 година“, се вели во соопштението на Кошаркарската федерација на Франција.

Ертел веројатно и не планира повеќе да игра за националниот тим со оглед на тоа што веќе има 33 години, но со овој потег го урниса угледот кај француските љубители на кошарката кој низ репрезентацијата го градеше повеќе од една деценија. Учествуваше во сите големи успеси на „триколорите“ како златото на Еуробаскетот во 2013, среброто оваа година, среброто од Олимписките игри лани и бронзата од Светското првенство во 2014 година.

0Shares
0 0