Повеќе од 60 години, Вилт Чембрлен го држи рекордот по бројот на постигнати поени на натпревар од НБА лигата и тој изнесува 100.
Поставен е на 2 март 1962 година, на меч меѓу Филаделфија и Њујорк и многумина сметаат дека никогаш нема да биде соборен. Во оваа група не припаѓа поранешниот НБА шампион Рон Артест кој јавно, преку социјалните мрежи објави смела прогноза во врска со дебитантот во лигата Виктор Вембанјама.
„Вем ќе биде прв играч што ќе постигна 101+ поен на натпревар. Ќе го надмине Вилт“, напиша Артест.
Вембанјама добро ја почна својата НБА кариера и веќе ги освои симпатиите на голем број кошаркарски фанови. Со височина од 224 сантиметри и распон на рацете од 248 сантиметри, Французинот е еден од најмаркантните играчи кој влегол во НБА во последните 40 години. Најблиску до рекордот на Чембрлен беше Коби Брајант кој во 2006 година постигна 81 поен.