Првиот пик на годинашниот НБА драфт, Виктор Венбанјама ќе го пропушти претстојното Светско првенство што во август и септември ќе се одржи во три држави на Далечниот исток.
Францускиот весник Лекип објави дека иако одлуката била тешка за младиот центар, таа е конечна бидејќи Венбанјама сака да се фокусира на подготовките за својата дебитантска сезона во НБА лигата. За националниот тим, тој дебитираше во ноември минатата година, во квалификациите за овој Мундобаскет, а на четири настапи за репрезентацијата, просечно постигнуваше по 19 поени и 8,3 скока.
На Светското првенство, Франција е во група со Канада, Летонија и Либан, а за време на подготовките, ќе се сретне два пати со Литванија и по еднаш со Тунис, Венецуела и Литванија.