Репрезентацијата на Египет е уште една од оние кои се на Мундијалот за да го пополнат бројот, без особено големи амбиции и можности.
На африканскиот континент се уште важи за велесила со оглед на тоа што има вкупно 17 медали, но последната титула датира до 1983, а последниот медал е освоен во 2013 година. Што се однесува до светските првенства, најголемиот успех на првиот мундијал, одржан во Аргентина во 1950 година со освоено петто место, но тоа е период на најголема популарност на оваа држава и една година по златниот медал на Европското првенство (од 1937 до 1953 година Египет учествувал на европските шампионати). Во последните 53 години, египетската репрезентација само три пати била присутна на светските првенства, а на две од нив го освои последното место (1990 и 2014 година).

Пласманот на ова првенство, Египет го оствари мошне лесно, уште пред одигрувањето на последните две кола. Во првата фаза, во групата со Јужен Судан, Тунис и Камерун претрпе само еден пораз, а во втората му беа доволни и 3/3 за второ место.
Енеб Салех е прво има на египетската репрезентација со просек од 14,5 поени по натпревар, а последните две сезони беше МВП на првенството на Египет. Со него, исклучително добро соработува Асем Мареи кој има и европско искуство од настапите во Галатасарај, Каршијака и Бамберг, но во квалификациите, вниманието врз себе го привлече Амр Абделхалим кој против Јужен Судан постигна 42 поена што е рекорд во африканските квалификации за светските првенства.

Селектор на Египет е канадскиот стручњак, роден во Англија, Рој Рана кој лани е на функцијата, но има големи успеси во младинската кошарка. Со У19 репрезентацијата не Канада стана светски шампион во 2018 година, а претходно има две сребра и бронза на првенствата на Америка со У18, бронза на светско првенство со У17 и бронза на првенство на Америка со У16 селекцијата на Канада. Од 2019 до 2022 година беше асистент во Сакраменто Кингс, а во моментов е тренер на јапонскиот Кјото.
На претстојниот Мундијал, Египет е во групата со Црна Гора, Литванија и Мексико, а само две победи на последните 33 натпревари на светските првенства не даваат многу простор за оптимизам. Сепак, Египќаните имаат дополнителен мотив, ако ништо друго, да бидат најдобро пласирана африканска репрезентација на ова првенство бидејќи таа обезбедува директен пласман на Олимписките игри во Париз идната година.