(ВИДЕО) Адетокумбо не се (пре)дава – Милвоки жестоко одговори!

0Shares
0 0

Најкорисниот играч во НБА лигата во 2019 и 2020 година, Јанис Адетокумбо е решен да се бори до крај за првата титула на Милвоки Бакс по пауза од 47 години.

Во првиот меч од финалната серија на домашен терен, а вкупно трет во серијата, тимот од Висконсин го победи Феникс со 120-100 и намали на 1-2. Главен на теренот беше грчкиот интернационалец кој заврши со 41 поен и 13 скока и стана прв играч во финалните серии, по Шекил О’Нил во 2000 година кој на два меча по ред во финале постигнал најмалку 40 поени и 10 скока. Му недостасуваат уште два да го стигне рекордот на Мајкл Џордан.

Бакс ја презедоа контролата над резултатот кон крајот на втората четвртина и потоа до крајот на ја испуштија предноста. Со серија од 14-2, поведоа со 44-38, за подоцна, кон крајот на третиот и почетокот на последниот квартал со нова низа од 19-0 да дојдат до недостижни 99-76. Феникс тука се предаде и стана јасно дека Милвоки ќе ја намали негативата во финалето.

Освен силниот напад, Бакс се покажаа и во одбраната. Го запреа Девин Букер на само десет поени, а ни Крис Пол беше далеку од претходните два меча, реализирајќи 19 поени и 9 асистенции. Кај домашниот тим се истакнаа и Џру Холидеј со 21 и Крис Мидлтон со 18 поени.

Четвртиот натпревар од серијата се игра в четврток, рано наутро по средноевропско време, повторно во Милвоки.

0Shares
0 0