Од завршувањето на Светското првенство, Алекса Аврамовиќ е буквално прва ѕвезда во српаката кошарка и тој статус апсолутно го заслужи со својата пожртвуваност и придонес во играта за репрезентацијата.
Вечерва го имаше својот прв официјален меч по Мундијалот и тоа во полуфиналето од АБА Суперкупот, против Игокеа. Во Подгорица, Аврамовиќ пристигна за да му помогне на тимот по повредата на Матеуш Понитка што е уште еден доказ за неговиот фанатизам и факт дека никогаш не се штеди.
Кога стана за да се подготви да влезе во игра, кон средината од втората четвртина, цела сала стана да го поздрави, а тоа не беа само навивачи на Партизан. Аврамовиќ доби заслужени овации од присутните кои освен што го скандираа неговото име, извикуваа „МВП“, алудирајќи на настапот во полуфиналето и финалето на Светското првенство.
Што се однесува до натпреварот, Партизан победи со 91-84, но си направи проблеми во последната четвртина која ја загуби со 11-24. Сепак, обезбеди пласман во финалето и утре ќе се бори за трофејот во АБА Суперкупот.