Одличната форма од Светското првенство, Алекса Аврамовиќ ја пренесе и во новата клупска сезона во која се промовира во нов лидер на Партизан.
Вечерва има најголема заслуга за победата на неговиот тим против Црвена Звезда бидејќи откако тој се разбуди, „црно-белите“ направија пресврт. По неколку извонредно важни потези, клучната тројка на Аврамовиќ дојде на околу 80 секунди пред крајот и со неа го однесе Партизан на водство од 83-80.
До крајот, Звезда не успеа да се соземе и го претрпе четвртиот пораз во низа со кој остана блиску до дното на табелата во Евролигата.