Трофејниот турски стручњак денеска го имаше последниот работен ден како тренер на Анадолу Ефес, каде ги помина последните 5,5 години.
Последната сезона делумно ја засени неуспехот во Евролигата каде тимот од Истанбул не успеа да се пласира во плејофот, но и покрај тоа, престојот на Атаман во клубот ќе остане запишан како еден од најуспешните во историјата на Анадолу Ефес. Оттаму, искусниот стручњак си заминува како шампион на Турција и со вкупно 10 трофеи: два во Евролигата, три во турското првенство, три во Суперкупот и два во Суперкупот на Турција. На простувањето не можеше да ги задржи солзите.
„Имавме сон, бевме подготвени да направи нешто што никој пред нас не успеал, но не успеавме ни ние. Ми е жал за Евролигата, да влезевме во плејофот, се можеше да се случи. Сите бевме деморализирани поради тоа, но спортот е таков и некогаш се случуваат такви работи. За моите пет години во Ефес, игравме три финалиња во Евролигата и победивме во две од нив. Ова ми е трета титула во Турција, имам трофеи и во другите натпреварувања и затоа заминувам мирно.
👀 Ergin Ataman’dan duygusal röportaj… | #BSL pic.twitter.com/FvoUyendkR
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) June 17, 2023
Ефес е мој дом и на клубот му посакувам среќа и успех. Разделбата нема да биде лесна, работев овде како аматер и ќе бидам среќен ако еден ден ме наречат легенда“, изјави Атаман.
Негов следен предизвик ќе биде Панатинаикос каде веќе беше претставен како нов тренер и ќе се обиде клубот од Атина да го врати на шампионските патеки.