(ВИДЕО) Атаман во војна со навивачите на Барселона

0Shares
0 0

Дербито на скратеното коло во Евролигата, меѓу Барселона и Анадолу Ефес го одбележа исклучувањето на Ергин Атаман во третата четвртина и неговата реакција при напуштањето на теренот.

Цела Блауграна стана на нозе да го навредува и исвиркува контроверзниот турски стручњак, а тој не остана им остана должен на противничките навивачи. Одејќи кон соблекувалната, Атаман симулираше кревање пехар, алудирајќи на победата на Ефес во ланското финале од Евролигата, токму против Барселона.

Тоа дополнително ја крена тензијата во салата, до крајот Барселона имаше огромна поддршка од трибините и дојде до исклучително важен триумф.

0Shares
0 0