Екипата на Мајами Хит израмни на 1-1 во финалната серија од НБА лигата и му го нанесе на Денвер првиот пораз на домашен терен во годинашниот плејоф.
Во вториот меч, Мајами славеше со 111-108 и со посакуваниот брејк се сели на Флорида каде ќе се играат следните два натпревара. Ако успее да ги добие, значително ќе си ги зголеми шансите за шампионската титула оваа сезона.
Натпреварот го одбележаа големите амплитуди во резултатот бидејќи во првата четвртина Мајами водеше со 11 разлика (21-10), во втората Денвер ги достигна највисоките +15 (50-35) за во последниот квартал повторно гостите да направат двоцифрена предност која беше загрозена во последниот напад.
Одлично отвори Струс кој постигна четири тројки во првиот период, Денвер врати на идентичен начин и се чинеше дека ја има контролата над резултатот, но уште тогаш јасно беше дека се се врти околу Јокиќ и дека ако не стигне посакуваната помош како на првиот меч, ќе биде многу тешко за домашниот тим. На Србинот сега му беше дозволено да игра на кош, но не и да го разигра соиграчите, па мечот го заврши со само четири асистенции и тоа е една од причините за лошиот ефект на останатите кошаркари на Денвер. Без помошта на Јоки, Нагетс имаа само еден добар период и тоа на почетокот од втората четвртина кога со серија тројка отиде на висока разлика, се останато зависеше од српскиот ас.
Тоа беше најзабележливо на почетокот од последната четвртина кога Јокиќ мораше малку да одмори, а гостите го искористија тоа и за две минути направија 13-3 за да го свртат резултатот во своја корист. На помалку од четири минути пред крајот беше 107-95 за Мајами и се чинеше дека натпреварот е готов. Денвер се врати, Мареј се разигра и на 69 секунди пред крајот, негативата изнесуваше само три поени. Домаќините го имаа и последниот напад, во времетраење од 14 секунди по промашувањето на Батлер, Мареј шутна тројка со истекот на времето, но беше непрецизен и победата замина на контото на Мајами.

Јокиќ беше убедливо најдобар играч на Мајами со 41 поен и 11 скока, далеку зад него, во тимот на Денвер остана Мареј со само 18 поени. Кај Мајами, Винсент постигна 23 поени, а Адебајо и Батлер по 21.
Третиот натпревар од серијата се игра в четврток рано наутро, по средноевропско време. Јасно е само дека екипите повторно ќе се вратат во Денвер и дека ќе има најмалку пет натпревари во финалето. Сепак, драмата тукушто почнува и љубителите на кошарката ги очекува невиден спектакл.