(ВИДЕО) Безобразен удар на Леброн, Стјуарт со крваво лице го бркаше по теренот

0Shares
0 0

Лос Анџелес Лејкерс триумфираше на гостувањето кај Детроит со 121-116, но победата остана во длабока сенка на она што се случи во третата четвртина.

При едно изведување слободно фрлања, Леброн Џејмс со лакт го удри в лице противничкиот кошаркар Ајзеа Стјуарт по што кошаркарот на Пистонс тотално се загуби и сакаше физички да се пресмета со една од најголемите ѕвезди во лигата.

Во прв момент соиграчите и стручниот штаб успеаја да го смират, но неколку секунди подоцна Стјуарт повторно тргна да се тепа. Веројатно Леброн не беше единствената цел бидејќи на патот му се најдоа и Диандре Џордан и Расел Вестбрук со кои најверојатно имаше вербален дуел, но Стјуарт изгледаше како разјарен бик.

На крајот истрча кон соблекувалната и се обиде да се врати од друг влез на теренот, но и тогаш беше спречен. Сето тоа резултираше со исклучување на Леброн Џејмс, второ во неговата професионална кариера.

0Shares
0 0