(ВИДЕО) Даниловиќ доби наследник и на теренот – син му ја растури Звезда

0Shares
0 0

Синот на поранешниот српски репрезентативец Предраг Даниловиќ, Вук тргна по стапките на својот славен татко.

Иако има само 13 години, минатиот викенд тој настапи за М15 екипата на Партизан и беше еден од најзаслужните за триумфот со 90-60 против Црвена Звезда.

Иако е рано да се каже дали ќе го достигне татко му, се гледа дека Вук Даниловиќ има чувство, има разновиден репертоар во нападот и треба да продолжи напорно да работи.

Даниловиќ има уште две ќерки и тие се спортистки. Олга е најдобра српска тенисерка, а Соња игра одбојка во ТЕНТ.

0Shares
0 0