Анадолу Ефес оствари драматична победа против својот голем ривал Фенербахче во полуфиналето од турскиот плејоф откако Вил Клајбурн во последната секунда погоди тројка преку двајца противнички кошаркари.
За околу 15 секунди претходно, Фенер направи серија од 8-0 и беше на чекор од втора победа во серијата, но сепак не го издржа последниот напад. Тоа го изнервира тренерот Димитрис Итудис кој веднаш по кошот на Клајбурн ја фрли таблата за цртање акции која му беше во рацете.
😵 La reacción de Itoudis después del triple de Will Clyburn sobre la bocina pic.twitter.com/uv0S4qQ8MY
— EurohoopsES (@EurohoopsES) June 5, 2023
На спротивната страна, сосема поинаква реакција, Ергин Атаман полуде од радост по остварениот триумф. Двајцата тренери не се поздравија додека беа на теренот, можеби тоа го направија подоцна во поттрибинскиот простор.