Уште во 10 часот по локално време, почна големата забава и шампионска парада, по повод освоената титула на Денвер Нагетс.
Денот што во главниот град на Колорадо го чекаа 47 години, од основањето на франшизата, конечно дојде, па затоа не чуди што речиси цел Денвер во моментов е на улица и ја слави титулата. Главен лик на прославата е Никола Јокиќ кој со својата ќеркичка и сопругата се качи во автобусот што ќе дефилира низ градот, а доби најголеми овации од фановите.
Jokic fam ready for the parade!#bRINGItIn
Watch Denver’s championship parade at 12 PM ET on NBA TV.
📲 https://t.co/Y9eOWIeBoi pic.twitter.com/pOLbEwlCOE
— NBA (@NBA) June 15, 2023
По освојувањето на шампионската титула во понеделникот, Јокиќ рече дека најверојатно нема да учествува на парадата бидејќи мора да се врати во Србија, но очигледно сето тоа било само шега. Во моментов, тој е еден од најсреќните луѓе во Денвер.