(ВИДЕО) Денвер испушти +25, Јокиќ место херој – трагичар

0Shares
0 0

На Денвер Нагетс не му беше доволна ни предност од 25 поени разлика на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс.

Домаќините триумфираа со 87-85 иако во третата четвртина Нагетс водеа со 59-34. Тимот од Лос Анџелес се врати со серија од 21-3 за 55-62, а во последниот квартал влегоа со минус од 11 разлика. На нешто повеќе од три минути пред крајот, по забивањето на Гордон, Денвер отиде на 81-78, но Клиперс со нова серија, до 9-4 дојде до победата.

Никола Јокиќ можеше да се избори за победа на Денвер, но неговиот шут од осум метри не беше прецизен. Со тоа го засени одличниот ефект бидејќи беше најдобар играч во својот тим со 21 поен, 13 скока и 8 асистенции. На ниво беше и Гордон кој постигна 30 поени и 12 скока.

Кај Клиперс се истакна Амир Кофи со 18 поени, Мен и Џексон додадоа по 13, а Морис реализира.

0Shares
0 0