(ВИДЕО) Десет години од првата евролигашка титула на Антиќ

0Shares
0 0

На денешен ден во 2012 година Олимпијакос триумфираше во Евролигата по победата во финалето против ЦСКА со 62-61.

Тоа беше еден од најдраматичните финални дуели во историјата на елитното европско натпреварување, рускиот тим имаше предност и од 19 поени разлика во третата четвртина, но во последната секунда Јоргос Принтезис постигна кош за сензационална победа на Олимпијакос. Со тоа, екипата од Пиреја ја освои втората титула во Евролигата која ја одбрани следната година на завршниот турнир во Лондон.

Дел од тој состав беше тогашниот македонски репрезентативец Перо Антиќ кој во финалниот меч постигна седум поени и два скока. За Антиќ тогаш почна најблескавиот дел од кариерата бидејќи во следните пет години уште два пати триумфираше во Евролигата и две сезони помина во НБА како прв и досега единствен Македонецот во најсилната светска кошаркарска лига.

0Shares
0 0