(ВИДЕО) Џејмс Харден навива за Јувентус и има порака за Дибала

0Shares
0 0

Најдобриот стрелец во НБА лигата претходните три сезони откри дека е голем фан на најтрофејниот италијанскиот клуб, а особено на репрезентативецот на Аргентина.

Во видео порака од Бруклин, облечен во дрес на Јувентус, Џејмс Харден имаше и порака за својот милен Пауло Дибала кој е еден од најистакнатите фудбалери на торинскиот клуб.

„Како си, Дибала? Јас сум Џејмс Харден, сакам да ти посакам се најдобро и да ти кажам дека сум твој голем обожавател. Среќно сезонава“, порача Харден.

Не е реткост НБА кошаркарите да изразуваат почит кон некој од европските фудбалски гиганти. Леброн Џејмс не крие дека е навивач на Ливерпул, а има и акции од овој англиски клуб.

0Shares
0 0