(ВИДЕО) Дојдоа во Србија поради Јокиќ, завршија во пеколот на Маракана и си поминале – одлично!

0Shares
0 0

Новинари од Колорадо, кои го следат Денвер Нагетс и неговите кошаркари, деновиве биле во Србија поради Никола Јокиќ кој со српската репрезентација се подготвува за Европското првенство.

Кратко престојувале во неговиот роден град Сомбор, но одлучиле да гледаат и малку фудбал. Затоа, синоќа, присуствувале на квалификацискиот натпревар за Лигата на шампионите меѓу Црвена Звезда и Макаби Хаифа на Маракана.

„Лига на шампионите со пријатели. Ова е живот“, напишале Американците на своите објави на Твитер, воодушевени од атмосферата на најголемиот стадион во Србија.

Резултатот веројатно не им бил важен, но не ѝ донесоа среќа на Звезда. „Црвено-белите“ не загубија (2-2), но се елиминирани и нема да учествуваат во групната фаза од Лигата на шампионите. Во меѓувреме направиле неколку репортажи од Србија и се пофалија дека таму го имале највкусниот оброк во животот.

0Shares
0 0