Суперѕвездите на Далас и Денвер, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ ја одбележаа и минатата ноќ во НБА лигата откако двајцата остварија по трипл дабл.
Далас Маверикс славеше на гостувањето кај Мемфис со 125-110, а мечот го одбележа фантастичниот настап на словенечкиот ас. За 40 минути на терен, тој постигна 35 поени, 12 скока и 12 асистенции и стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој во првите три натпревари од сезоната остварил два трипл дабл-а со дури 117 постигнати поени. Мавс се без пораз во првите три меча што не им се случило од 2004 година.
Никола Јокиќ се израмни со Џејсон Кид и Леброн Џејмс на четвртото место на вечната листа на играчи по бројот на трипл дабл натпревари со 107. Ноќеска, Денвер ја победи Јута со 110-102, а Србинот постигна 27 поени, 10 скока и 11 асистенции. При следниот трипл дабл, Јокиќ ќе избие сам на четвртата позиција. Актуелниот шампион е единствен со биланс 4/0 во лигата и потврди дека и оваа сезона ќе се бори за титулата во НБА.
Забележителни настапи остварија уште неколку кошаркари. Стеф Кари постигна 42 поена во победата на Далас против Њу Орлеанс со 130-102, Дехунте Мареј броеше до 41 во триумфот Атланта над Минесота со 127-113, а недоволни беа 35 поени на Тајлер Хиро против Милвоки бидејќи Мајами загуби со 114-122.