Првата ѕвезда на словенечката репрезентација Лука Дончиќ денеска ги почна подготовките со националниот тим за претстојното Светско првенство.
Досега тој тренираше самостојно бидејќи според правилата на НБА, денеска е првиот ден кога може да ѝ се приклучи на репрезентацијата. За да биде се како што треба се погрижи тренерот на Далас Маверикс, Џејсон Кид кој присуствуваше на првиот тренинг, а ќе остане во Љубљана како надзор уште неколку денови.
He. Is. Here. #mojtim | @luka7doncic | @telemachsi | @feelslovenia pic.twitter.com/CIL5uZl5HG
— Košarkarska zveza SIovenije (@kzs_si) July 28, 2023
Својот прв подготвителен натпревар, Дончиќ ќе го одигра на 2 август кога во Стожице ќе гостува Грција. Претходните недели тој тренираше самостојно, под посебна програма и се наоѓа во одлична физичка форма, со неколку килограми помалку во однос на крајот на сезоната во НБА.