(ВИДЕО) Дончиќ одличен, Далас им се врати на поразите

0Shares
0 0

Далас Маверикс го претрпе четвртиот пораз во последните пет натпревар откако загуби на домашен терен од Вашингтон со 114-120.

Гостите имаа осум поени негатива на полувреме (61-69), но во вториот дел направија пресврт и ја остварија втората победа во низа. Не помогна ни одличната игра на Лука Дончиќ кој постигна 33 поени, 10 асистенции и четири скока, но немаше соодветна помош од соиграчите.

Во екипата на Вашингтон, Бредли Бил постигна 26 поени, седум асистенции и пет скока, а Кајл Кузман додаде 22 поена и девет скока.

Визардс се напријатно изненадување во досегашниот дел од сезоната во НБА лигата и се наоѓаат на делба на втората позиција во Источната конференција, со Мајами, со 13 победи и седум порази.

0Shares
0 0