(ВИДЕО) Дончиќ се врати со стил, ама славата ја украде тинејџерот од противничката екипа

0Shares
0 0

По десет пропуштени натпревари и пауза од 20 дена, Лука Дончиќ се врати во тимот на Далас и се погрижи за победата на неговиот тим против Оклахома со 95-86.

На своето враќање беше на чекор до трипл-дабл, постигна 14 поени, 10 асистенции и девет скока и беше веднаш зад своите најефикасни соиграчи Тим Хардавеј и Маркус Крис кои реализираа по 15 поени. Паузата од десет натпревари беше најдолга за Дончиќ откако е во НБА лигата, а тоа придонесе Далас да падне на седмата позиција во Западната конференција.

Сепак, славата на овој натпревар ја украде 19-годишниот австралиски кошаркар во дресот на Оклахома Сити Тандер, Џош Гидеј кој стана најмладиот играч во историјата на лигата со трипл-дабл (19 години и 84 дена). Младиот кошаркар постигна 17 поени, 14 асистенции и 13 скока и потврди дека Оклахома има извонредни млади играчи кои ако останат во екипата, во блиска иднина ќе донесат подобри резултати.

0Shares
0 0