(ВИДЕО) Дончиќ, сепак, заигра, Далас ја прекина серијата порази

0Shares
0 0

И покрај повредата што ја доживеал на вчерашниот тренинг, а за која информираа американските медиуми, Лука Дончиќ се појави во тимот на Далас на мечот со Клиперс по пауза од три натпревари.

Неговото присуство, очигледно, позитивно влијаеше за екипата, па Мавс ја прекинаа серијата од три порази и славеа на гостувањето кај Клиперс со 112-104. За тоа им требаа дополнителни пет минути бидејќи во основните 48 беше 103-103.

Далас беше пред победа и во регуларниот дел, на пет секунди пред крајот водрше со 102-97, но Џексон и Џорџ со две тројки се погрижија за израмнување. За среќа на Маверикс, тоа беше се од домаќините кои во продолжението не постигнаа кош од игра, туку само еден поен од слободно фрлање.

Дончиќ го заврши натпреварот со 26 поени и 9 скока, а со одличните игри продолжи Кристапс Порзингис кој постигна 30 поени. Реџи Џексон беше прв стрелец на Клиперс со 31 поен.

0Shares
0 0