(ВИДЕО) Драматичната последна минута која го донесе Милвоки на чекор од титулата

0Shares
0 0

Милвоки Бакс е на една победа од првата шампионска титула по пауза од 47 години и втора во историјата на франшизата.

По негативата од 0-2, тимот од Висконсин победи три натпревари по ред, а ноќеска го оствари можеби најважниот триумф, на теренот на Феникс каде претходно немаше победа четири години.

Се беше одлучено во последната минута во која Санс прво намалија на еден поен негатива (119-120), но во клучниот напад ја загубија топката и му овозможија на Адетокумбо да ја запечати победата на својот тим.

0Shares
0 0