Иако има уште многу време до почетокот, Американците веќе почнаа да се екипираат за Олимписките игри во Париз идната година.
Веднаш по Светското првенство беше објавено дека главен иницијатор за создавање нов дрим-тим е Леброн Џејмс, а еден по еден, големите ѕвезди почнаа да го потврдуваат својот настап. Денеска тоа го направи Кевин Дурант, на почетокот на тренинг кампот на Феникс Санс на кој имаше средба со новинарите.
“I will play in the Olympics next year.”
Kevin Durant will be with Team USA for the 2024 Paris Olympics 🙌🇺🇸 pic.twitter.com/c3E8SUBTJO
— Nice Kicks (@nicekicks) October 2, 2023
„Ќе играм на Олимписките игри идната година“, кратко соопшти еден од најдобрите кошаркари на денешнината.
Поширокиот список на кошаркари на кои ќе може да смета селекторот Стив Кер ќе биде познат пред крајот на годинава, а веројатно по завршувањето на сезоната во НБА ќе бидат познати финалните 12 кои ќе ги бранат боите на САД во Париз, во обид да ја продолжат доминацијата на оваа репрезентација на олимпијадите.