(ВИДЕО) Дурант се врати по речиси два месеца… и не промаши

0Shares
0 0

Најголемата ѕвезда на Бруклин Нетс го одигра првиот натпревар по 14 февруари и покажа дека, сепак, е во добра форма и покрај долгата пауза.

Неговиот тим славеше против Њу Орлеанс со 139-111, а Кевин Дурант постигна 17 поени, 7 скока и 5 асистенции за 19 минути на теренот. Особено е импресивно тоа што немаше ниедно промашување – ги погоди сите пет шута од игра и уште пет од линијата за слободни фрлања.

Кај Нетс го нема и ќе отсуствува околу една недела Џејмс Харден, но затоа се истакна Кајри Ирвинг со 24 поени и 6 скока. Бруклин е лидер во Источната конференција со биланс 36/16.

0Shares
0 0