Познато е дека атмосферата во ТФТ е главен адут на екипата уште од формирањето на клубот и во годиниве поминати во Првата македонска кошаркарска лига.
Дури и кога тимот губи, расположението е на високо ниво, а доказ за тоа е вчерашната ситуација за време на АБА 2 турнирот на Златибор.
ТФТ загуби од Пелистер во македонското дерби, но целата експедиција потоа замина на вечера која беше разубавена со неколку македонски песни во кои уживаа и странските кошаркари во тимот.