(ВИДЕО) Емотивен момент во Пионир: Ѓикиќ остави шалче на местото каде што седеше мајка му

0Shares
0 0

Поранешниот селектор на македонската репрезентација Александар Ѓикиќ имаше емотивен момент денеска, пред натпреварот меѓу Партизан и Студентски Центар, во четвртфиналето од АБА лигата.

Тоа беше прв меч на „црно-белите“ наа домашен терен откако минатата недела почина неговата мајка Милка, инаку огромен навивач на Партизан. Ѓикиќ дојде покрај теренот и остави шалче во боите на белградскиот тим на местото од каде што мајка му обично ги следеше натпреварите на својот омилен тим.

Поради настапот на Александар Ѓикиќ на завршниот турнир од Кошаркарската Лига на Шампионите со Хапоел Ерусалим, погребот на неговата мајка беше одложен за оваа недела, па поради тоа искусниот стручњак допатува во Белград.

0Shares
0 0