Играчите на Партизан направија спектакл на прес-конференцијата на тренерот Жељко Обрадовиќ, по триумфот во АБА лигата.
Трофејниот стручњак трпеливо одговараше на прашањата на новинарите, остана со нив повеќе од половина час, а кошаркарите одлучија да го прекинат тоа. Влетаа во прес-салата со шампионскиот трофеј, го полеаја својот тренер и уште еднаш заеднички прославија.
Обрадовиќ немаше многу замерки, го прифати нивното славје иако беше целиот мокар, но призна дека сето тоа вреди по големиот успех.