(ВИДЕО) Француското чудо блесна пред Американците

0Shares
0 0

Тинејџерот од Франција, Виктор Вембанјама се покажа во извонредно издание пред НБА скаутите и речиси си го обезбеди изборот како прв пик на драфтот идната година.

Со својот тим Метрополитан, 18-годишникот гостуваше во Лас Вегас, на дуел против екипата на Игнајт од Развојната Г-лига. Американците победија со 122-115, но шоуто го украде Вембанјама кој постигна 37 поени за 37 минути на теренот, плус пет блокади, четири скока и една асистенција.

На спротивната страна беше Скут Хендерсон кому, исто така, му се предвидува блескава иднина и тој е директниот ривал на Вембанјама за првото место на драфтот. Хендерсон постигна 28 поени, девет асистенции, пет скока и две украдени топки за 28 минути.

Вембанјама е еден од најинтересните кошаркари што се појавиле во историјата на овој спорт. Висок е 220 сантиметри, но не е класичен центар бидејќи се движи фантастично, брз е за својата висина и има фантастичен шут од дистанца. Тоа го покажа и синоќа, погодувајќи седум тројки од 11 шута. Во текот на летото се пресели од Асвел во Метрополитан со цел да добие поголема минутажа и да ја развива својата игра пред заминувањето во НБА.

0Shares
0 0