Канадскиот репрезентативец Дилон Брукс важи за еден од највалканите играчи во НБА лигата, а својот имиџ го потврди и на денешниот натпревар против Словенија.
Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 26 поени, но „изеде“ добар ќотек од Брукс поради што беше прилично исфрустриран и доби две технички, па не го дочека крајот на мечот на терен. Претходно, во соблекувална замина и Брукс, но тој поради неспортски лични грешки.
Довчерашниот кошаркар на Мемфис го продолжи своето „шоу“ во тунелот кон соблекувалните. Очигледно расположен од победата и пласманот во полуфиналето, тој ги пречека соиграчите со боксерски ракавици и на тој начин го прослави големиот триумф.