(ВИДЕО) Голден Стејт со 20 тројки до финалето на Западот

0Shares
0 0

Поранешниот шампион обезбеди пласман во финалето од Западната конференција откако ноќеска го совлада Мемфис со 110-96 и со вкупни 4-2 влезе меѓу четирите најдобри во лигата оваа сезона.

Повеќе од половина од поените, Голден Стејт постигна од дистанца, погодувајќи 20 тројки од 53 шута. Процентуално, Мемфис имаше подобар ефект (15/36), но домашниот тим со тројките тотално го урна моралот кај противникот кој до средината на последната четвртина беше рамноправен и со шанси да дојде до победата.

Одлучи серијата од 21-3 во тој четврти квартал по кој Голден Стејт од негатива од два разлика, направи предност од 108-92. Во тој период, домашните кошаркари постигнаа дури четири тројки.

Клеј Томпсон ги предводеше Вориорс со 30 поени, вклучувајќи осум тројки, Кари додаде 29 поени, а се истакна и Дрејмонд Грин со 14 поени и 15 скока. Кај Мемфис, за кој повторно не играше Џа Морант, се истакна Дилон Брукс со 30 поени.

Во финалето на Западната конференција, Голден Стејт ќе игра со подобриот од серијата меѓу Феникс и Далас каде утре ќе се игра „мајсторка“.

0Shares
0 0