По повод 500. натпревар во Евролигата, Жељко Обрадовиќ доби специјална кореографија од навивачите на Партизан во пресрет на вечерашниот натпревар против Фенербахче.
Со силуета на Александар Ѓорѓевиќ од фамозната тројка со која Партизан стана европски шампион во 1992 година, а тренер беше токму Обрадовиќ, „Гробари“ му го честитаа големиот јубилеј на најдобриот европски стручњак и на спектакуларен начин го најавија дуелот во Арена.
Ово је ПАРТИЗАН! 🖤🤍#partizan #kkpartizan #bcpartizan #grobari #euroleague pic.twitter.com/tzxEVjoUfY
— Partizan.net (@PartizanNet) November 9, 2023
Партизан го игра третиот натпревар на домашен терен оваа сезона, а на претходните два има по една победа и пораз.