(ВИДЕО) Херел го изнервира Адетокунбо, Гркот им се „истури“ на работниците во арената

0Shares
0 0

Цел свет денеска зборува за потегот на Јанис Адетокунбо кој по синоќешниот пораз во Филаделфија и лошиот ефект од линијата за слободни фрлања, направи скандал со вработените во арената каде се играше мечот.

Но, на социјалните мрежи првично беше објавен само вториот дел од ситуацијата, односно моментот кога грчкиот кошаркар во дресот на Милвоки влегува во конфликт со работниците и од нив бара да се тргнат за да тренира слободни фрлања. Подоцна беше прикажана причината за таквото однесување иако ни тоа не е оправдување за Адетокунбо.

„Шутирав слободни фрлања по мечот, бев во серија од седум погодени и целта ми беше да ‘врзам’ десет. Го шутнав осмото, а потоа се појави Монтрезл Херел и ми ја зеде топката. Знам дека некои кошаркари не играат, па сакаат да одработат мини-тренинг по натпреварот, мислев дека можеме заедно да шутираме, но тој ми рече дека ова не е Милвоки, туку негов терен“, откри Адетокунбо.

На снимките на кои е „уловен“ моментот се гледа како Херел вели „тргнете го тоа ср*ње одовде“, а сето тоа толку го испровоцира Адетокунбо што лутината им ја истури на вработените.

0Shares
0 0