(ВИДЕО) Хорор во авионот на Јута Џез

0Shares
0 0

Многу малку недостасувало да дојде до трагедија на летот на екипата на Јута Џез кон Мемфис.

По само 25 минути од полетувањето, пилотот морал да го сврти авионот и да го врати во Солт Лејк Сити затоа што налетал на јато птици. Страдал носот на леталото, но експедицијата успеала некако да слета на аеродромот.

За среќа, нема никој повреден, освен, како што може да се заклучи од крвта на авионот, тоа што настрадале птиците кои се нашле на патот. Кошаркарите биле толку потресени од ситуацијата што веднаш по слетувањето, се јавиле преку социјалните мрежи со емотикони кои претставуваат молитва и пораки како „Господ е голем“ и „Преубав е денот“.

Извештаите од САД велат дека околу 40 пати на ден, авионите низ САД налетуваат на јата птици, најчесто при полетувањето и годишната штета поради ова изнесува над 400 милиони долари. За среќа, ова не предизвикува сериозни проблеми или падови на авионите.

0Shares
0 0