Екипата на Барселона е на една победа до шампионската титула во шпанското првенство откако вечерва минимално, со 86-85 го совлада Реал.
Мадридскиот тим беше многу блиску до триумф, на околу две минути пред крајот водеше со 80-74, но нетипично за него, потклекна во финипот. Таварес со две промашени слободни фрлања ја врати Барса во живот, а потоа Хезоња направи непромислен фаул, под противничкиот кош со што му даде две слободни фрлања на Миротиќ кои овој ги реализира и ја донесе во водство каталонската екипа. Лапровитола потоа постигна кош и изнуди лична грешка од Таварес, петта за центарот на Реал, па за мадридскиот тим останаа шест секунди за напад за победа.
BU SEFER OLMADI 💔
EuroLeague Finali’nde maçı kazandıran basketi atan Sergio Llull, İspanya Ligi final serisinin 2. maçında son topu kötü kullandı ve isabeti bulamadı.
Barcelona 86-85 Real Madrid
— Euroleague Time (@euroleague_time) June 18, 2023
Јасно беше дека повторно ќе решава Љуљ, но за разлика од „милион“ натпревари претходно, сега Барселона успеа да го запре. Миротиќ презеде, па Љуљ буквално не можеше да го види кошот и само ја исфрли топката пред истекот на времето. Не успеа да погоди и Барса ја прослави втората победа во серијата, но чудно е тоа како Љуљ не успеа да го види осамениот Јабуселе кој беше осамен, во одлична позиција да поентира.
Третиот меч се игра на теренот на Реал, во вторник од 21 часот. Евентуална победа на Барселона ќе значи крај на сезоната и нова шампионска титула за каталонскиот тим.