(ВИДЕО) И тоа има во Белград: Поп во мантија ѝ помогна на Звезда да го победи Асвел

0Shares
0 0

Драматичниот натпревар што синоќа го одиграа Црвена Звезда и Асвел во Белград му припадна на домашниот тим кој до победата дојде во последните осум секунди.

Недовиќ погоди две слободни фрлања за водство од 69-67, а на спротивната страна Понс доби можност од истата позиција да донесе израмнување и можеби продолжение. Во клучните моменти, на сцена стапи еден поп од трибината под кошот кој дојде многу блиску до теренот за да го деконцентрира противничкиот играч.

Се размавта со рацете колку што може, па Понс го промаши првото, потоа намерно и второто слободно фрлање и Звезда дојде до втората победа во сезоната во Евролигата.

0Shares
0 0