(ВИДЕО) Инцидент во Гостивар – од дуел на двајца играчи до напад врз тренерот Илиевски

0Shares
0 0

Натпреварот меѓу Гостивар и Пелистер е прекинат на нешто помалку од седум минути пред крајот и прашање е дали ќе се доигра вечерва.

Причина за прекинот е инцидент што се случи во последната четвртина. Се почна со физичкиот дуел меѓу Димитриевски и Кесар под кошот на Гостивар, при еден напад на гостинскиот тим. Но, тензијата меѓу нив двајца брзо спласна со тоа што двајцата добија по една техничка грешка.

Се чинеше дека играта ќе продолжи кога навивачите на Гостивар влегоа во вербален дуел со Никола Малешевиќ. Поради прекинот на стримот не може точно да се види што се случи во продолжение, но потоа се забележа како тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски лежи на падот и му се укажува помош. Откако стана, искусниот стручњак ја турна клупата на својот тим по што со полиција го напушта теренот.

По неколкуминутно размислување, целата екипа на Пелистер замина во соблекувална. Засега не е познато дали мечот ќе продолжи и ќе го дочека својот крај.

0Shares
0 0