(ВИДЕО) Избегната трагедија на прославата на Жирона

0Shares
0 0

Кошаркарската и фудбалската екипа на Жирона во ист ден обезбедија пласман во Првата лига во своите конкуренции, па со заедничка парада го прославија големиот успех на градот.

Сепак, освен по големиот број фанови низ улиците, прославата ќе остане запамтена по тоа што малку недостасуваше да дојде до трагедија. Во главна улога беше фотографот Нури Маргуи која требаше да ја овековечи парадата, а можеше трагично да заврши.

Играчите и стручните штабови на двете екипи се возеа со отворен автобус, во еден момент налетаа на простор на дрвја и гранки, од кои Маргуи ја загуби рамнотежата и остана да виси на задниот дел. Така остана неколку секунди, се додека не ја здогледа фудбалерот Арнау Мартинес кој успеа да ја извлече и веројатно да ѝ го спаси животот.

Автобусот потоа застана со цел сите да се уверат дека Маргуи е во ред, а кога беше потврдено дека таа нема повреди, свеченото дефиле продолжи.

0Shares
0 0