(ВИДЕО) Јанис бадијала урлаше на тајм-аут…

0Shares
0 0

По двете признанија за МВП на сезоната, јасна е огромната желба на Јанис Адетокумбо да освои шампионска титула со Милвоки Бакс.

Којзнае дали некогаш ќе биде поблиску од оваа сезона во која тимот од Висконсин дојде до првото финале по пауза од 47 години. Гркот влезе во серијата по паузата поради повреда, но и покрај тоа е најдобар, а и најмотивиран играч кај Бакс.

Тоа се забележа и на синоќешниот натпревар, втор од серијата во која Адетокумбо се обиде да ги мотивира соиграчите со тоа што тој водеше еден од тајм-аутите, место тренерот Баденхолцер. Кога во втората четвртина Феникс ја направи клучната предност, Јанис буквално урлаше на тајм-аутот, обидувајќи се да ги разбуди и да ги натера да направат пресврт.

0Shares
0 0