(ВИДЕО) Јанис се врати, ама не го извади Милвоки од кризата

0Shares
0 0

По почетните 9-0, шампионот од 2021 година Милвоки Бакс го испушти првото место во Источната конференција, по ноќешниот пораз на домашен терен од Атланта.

Во тимот се врати Јанис Адетокунбо кој постигна 27 поени и 8 скока, но Гркот не успеа да го спречи вториот пораз по ред и трет во последните четири натпревари. Бакс играа очајно, постојано беа во негатива, на моменти и со 18 поени разлика и заслужено се поразени.

Адетокунбо имаше помош само од Бошамп кој постигна 20 поени, но кај Атланта, дури шестмина кошаркари реализираа 16 или повеќе поени. Најмногу меѓу нив Хантер – 24.

Хоукс ја искористија серијата лоши резултати на Кливленд и се искачија на третата позиција во Источната конференција со биланс 9/5. Нов лидер е Бостон кој се наоѓа во фантастична форма и во низа од шест победи.

0Shares
0 0